Македонските одбојкари ќе одат на што поубедлив триумф над Грузија


Македонската одбојкарска репрезентација има само една опција за да обезбеди учество на четвртото во низа Европско првенство. Тоа е што поубедлива победа над Грузија во последното коло квалификациите за ЕП 2026.

Откако избраниците на селекторот Јошко Миленкоски во средата пропуштија шанса да освојат сет со Грција, сега ќе треба билетот за ЕП да го заверат со убедлив триумф над Грузијците.

Нашите одбојкари се во трка за место меѓу петте најдобровторопласирани селекции, кои исто така обезбедуваат настап на ЕвроВолеј 2026, заедно со седумте првопласирани екипи од групите од квалификациите.

Натпреварот со Грузија е закажан за вечер од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.