Македонскиот скулптор Никола Смилков со самостојна изложба во Сплит


Македонски скулптор Никола Смилков своите дела ги изложи во познатата галерија „Мештровиќ“ во Сплит, Хрватска. Смилков за МИА вели дека изложбата  е самостојна, а публиката може да види 30 скулптури изработени во мермер и бронза. Изложба ќе биде отворена до крајот на октомври.

Изложбата е поддржана од Министерство за култура и Општина Штип,  музеј „Иван Мештровиќ“ Сплит Хрватска, UDRUGA KULTURA 46  Ластово, Хрватска.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов кој вечера беше во еднодневна посета на збратимениот град Сплит, присуствуваше на изложбата на Смилков.

-Вчеравечер, имав чест да присуствувам на отварањето на изложбата на скулптури од нашиот штипјанец  Никола Смилков, во една од најпознатите галерии во градот Сплит. Професор Смилков уште еднаш докажа дека културата и уметноста немаат граници, претставувајќи го Штип и Македонија на најдобар можен начин, вели Јорданов.