Македонскиот КИЦ во Софија актуелен – и „Баклава“ со јубилеен концерт
На програмата на концертот се традиционална македонска музика, традиционална музика од светот, како и авторска музика, компонирана од Елена Христова.
Групата Баклава започнува во четиричлен состав (вокал, деф и две тамбури) имајќи го минимализмот како своја водилка во музицирањето. Баклава има пет албумски изданија (Баклава, Калемар, Ме манкас мучо, IV, За Скопје со љубов) во кои освен традиционалната македонска музика, традиционалната музика на светот, доминира авторскатата музика која кокетира со различни музички стилови имајќи разновидни музичари кои мајсторски импровизираат со своите инструменти. Баклава има богата светска музичка кариера, свој документарен филм (Баклава форма која поврзува) и учество во неколку филмови и серии.