Македонски турист се удави во близина на Драч

Македонски државјанин (66), трагично го загуби животот вчера попладне на плажата кај Каваја, во близина на албанскиот град Драч, откако доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето.
Според информациите на албанската полиција, несреќата се случила околу 19 часот. Очевидци изјавиле дека мажот се почувствувал лошо и за кусо време потонал во водата. Иако присутните веднаш реагирале и го извлекле тело од морето, а набрзо пристигнала и екипа на итната помош, лекарите можеле само да ја констатираат смртта.
Албанските надлежни органи работат на целосно расветлување на околностите поврзани со оваа трагедија.