Македонската градежна оператива со помалку договорени и извршените работи во странство

Македонската градежна оператива во првите шест месеци од годинава извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 33,71 милиони денари што е за 68,2 отсто помалку во споредба со истиот период од минатата година.
Вкупната вредност, пак, на договорените градежни работи во странство во првите шест месеци од 2025 година изнесува 61,78 милиони денари и е за 70,7 отсто помалку во споредба со истиот период лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, најмногу договорени и извршени градежни работи има во Германија по што следат Црна Гора, Бугарија, Србија, Чешка, БиХ, Албанија и Данска.