Македонска убавина низ генерации: Катарина, Маја или Сани?


Манекенките Катарина Ивановска, Маја Сашек и Сани Богдановска се  убавиците од новата модна кампања на дизајнерот Игор Марков, во соработка со стилистката и фотограф Јована Зука.

По ревијата во март, во објектот на Националната галерија на Македонија – Даут Пашин Амам, дизајнерот продолжува со промоција на претставената колекција, трета по ред, низ кампања во која се појавуваат шест истакнати македонски модели од различни генерации.

Идеја на кампањта е да се прикажат манекенки во различни фази од своите животи, дел со долгогодишни кариери, но и свежи лица чие време допрва доаѓа, фотографирани во маркантни изданија на впечатливи скопски локации препознатливи по својата бруталистичка, модерна архитектура.

Ивановска позира во сензуален, но истовремено и силен црн комплет инспириран од мистериозна птица, Сани Богдановска во строго пругасто троделно одело чија главна референца е моќниот машки бизнис-костим, а Маја Сашек во женствен бохо фустан со мотив на магнолии.