Македонија на 66 место во светот според просечната цена на мобилен интернет


Фото: Б. Грданоски

Според извештајот на Cable.co.uk за глобалниот мобилен интернет оваа година најевтин мобилен интернет е во Израел, а потоа следат Италија, Сан Марино, Фиџи и Индија.

Од земјите во регионот Црна Гора има најниска просечна цена на мобилен интернет, објави Агенцијата за електронски комуникации и поштенски услуги (ЕКИП), пренесе Банкар.ме.

– Најниска просечна цена на мобилниот интернет во регионот има Црна Гора, која е на 36 место во извештајот, потоа Србија, која е на 56 место, Македонија (66), Словенија (117), Хрватска (124. место) – се наведува во соопштението.

Се додава дека во регионот најскап мобилен интернет има во Босна и Херцеговина, која е рангирана на 163 место во извештајот.

Извештајот Cable.co.uk содржи податоци за цените на мобилниот интернет од 233 земји.

Извештајот ја анализираше цената за еден гигабајт (GB) податоци пренесени преку мобилните мрежи.