Македонците и Албанците најмногу се смрзнуваат во Европа
Евростат објави податоци колку домаќинства во европските земји не успеваат да ги загрејат своите домови. Според мапата што е објавена, испаѓа дека најголем процент грашани што не можат да си дозволат греење преку зима има во Македонија и во Албанија – над 30 отсто.
Спроред Евростат процентот на луѓе кои не можат да го одржуваат својот дом соодветно топол изнесува: Албанија 33,8% (најлошо),Северна Македонија – 30,6%. „Тивката криза во Европа не се цените на бензинот. Тоа се студените домови“, се вели во постот.