„Мајкрософт“: Обновени услугите на „Тимс“, „Аутлук“ и „Копилот“ по глобалниот прекин


 „Мајкрософт“ соопшти дека целосно ги обновил услугите на платформите „Тимс“, „Аутлук“, „Копилот“ и другите апликации, со што заврши глобалниот прекин што повеќе од 24 часа ја оневозможуваше интернет-комуникацијата на компании и владини институции.

Компанијата на платформата „Икс“ објави дека ги завршила активностите за отстранување на причината за проблемот и повторно воспоставила услуги за сите преостанати засегнати корисници и региони.

Мајкрософт ја откри причината за падот на услугата: Се појави проблем за време на надградба на мрежата