Парижаните се изнервираа од новогодишната елка во Лафајет


Парижаните реагираа со разочарување на елката што традиционално е главниот новогодишен бренд на Париз, а се изложува во познатата стоковна куќа Лафајет.

Иако со намера да биде модернистичка, во согласност со новата ера, таа е дочекана со резигнирани забелешки, а пред се – дека им ја убива божиќната магија!Некои веќе порачаа „ќе се видиме во 2027 година“, бидејќи за оваа елка не вреди да доаѓаат во Лафајет, а други се чудеа како да ги донесат и што да им кажат на децата.Еден од тие што реагираа ја опиша како „ пилешки крилја„, а друг повика да им ја вратат вистинската божиќна елка.

Елката инаку е дело на fранцускиот моден дизајнер и поп-арт уметник Жан-Шарл де Кастелбажак.Наместо традиционално зимзелено дрво, инсталацијата претставува шарена, рачно изработена скулптура од исечен картон, филц и слоевити крилја во основни бои (црвена, сина, жолта и зелена), кои симболизираат лет и заштита.

На врвот стои ангел кој поставува ѕвезда.Уметничкиот колектив „Visual System“ креираше живописни светлосни прикази и шарени ленти кои стапуваат во интеракција со архитектурата на куполата, придружени од ексклузивна музичка композиција на Владимир Кошмар.

И покрај ваквите референци, парижаните почнаа на интернет да ја бараат најдобрата елка досега. Еве го изборот: