Мајката на напаѓачот: Го молев докторот да не го пушти да излезе. Тој е нестабилен, има две дијагнози
Мајката на напаѓачот, 19-годишникот од Загреб, кој уби едно првоодделенче, рани седум како и нивната наставничка, во интервју за „24 часа“ изјавила дека го молела докторот да не го пушта од психијатриската болница во Јанкомир.
„Има емотивно нестабилна личност, покрај тоа има и две дополнителни дијагнози и се сече“, вели мајката.
„Ми рекоа дека напаѓачот е мојот син. Утрово татко му го однесе во 9 часот во дневната болница, тој пак почна да оди во тие дневни болници. Беше на психијатрија неколку пати. Пред месец и половина ме задржа мене и мајка ми во станот, ни ги зеде мобилните телефони, клучевите и пак заврши во Јанкомир. Го молев докторот да не го пушта, бидејќи не е способен да излезе“, изјави таа за „24сата“.
„Тој има емотивно нестабилна личност, покрај тоа има и две дополнителни дијагнози и се сечеше себесие. Докторот ладнокрвно го пушти да излезе за ние да се грижиме за него. Ноќта спиевме во страв, направивме сѐ што можевме за да го спасиме тоа дете. Тој очигледно ја напуштил дневната болница и зел нож и го направил тоа што го направил. Не знам зошто го направи тоа, пред пет години одеше во тоа училиште. Не знам која е причината. Слушнав дека и самиот се избодел“, додаде таа.