„Мајка ми крши прсти кога играм“: Елиф Елмас за фудбалот


Елиф Елмас

 

Фудбалскиот дијамант, како што го нарекуваат голем број на љубители на фудбалот, на само 24 година зад себе има одлична кариера за која би сонувал секој фудбалер. Првите професионални чекори ги започнува во Работнички, потоа продолжува во турскиот гигант Фенербахче, италијанскиот Наполи, со кого станува првак на Италија, го освојува и италијанскиот куп. Моментално е фудбалер на германскиот Лајпциг. Исто така е и незаменлив играч на репрезентацијата на Македонија.

Во интервјуто за порталот „Рацин“ тој вели дека негов сон е со Лајпциг да ја освои Лигата на шампионите.

„Клубот, техничката екипа и младите играчи се многу амбициозни и ќе атакуваме на уште поголеми успеси“, додаде Елмаз.

Според Елиф италијанската Калчо лига се карактеризира со тактиката, на која се посветува големо внимание, секој детаљ се анализира, така да се прават тактички планови за сите играчи. Германска Бундес лига, како што вели Елиф се одвојува со физичката подготвеност на играчите, менталитетот и „фајтерски“ дух којшто е на едно посебно ниво. За секој противник играчите се подготвуваат исто, без разлика дали противникот е послаб клуб. Сите натпревари се играат со висок пресинг и високо темпо.

За Елиф турската Супер лига е еден вид на микс од италијанската и германската лига.  Но, она што ја одвојува турската лига од другите е  атмосферата на стадионите и огнените фанови.

„Сум играл на многу стадиони, како во Турција никаде не сум се чувствувал така, тоа е нешто страшно. Играв во Фенербахче, самата енергија на стадионот те понесува да играш, што се вика 200 отсто“. 

Досега Елмас има одиграно голем број на натпревари. Но, кој е натпреварот на кој се прослави, го прашавме Елмаз. Тој дециден во одговорот, тоа е натпреварот со екипата на Шпанија на која дебитира за А репрезентацијата на Македонија. 

Одговарајќи на прашањето кој е негов најстрастен навивач, Елиф, со голема возбуда вели:

„Дома најстрастен навивач е мајка ми. Мајка ми е така малце по нервозна. По неа исто така и братучед ми Мухамед, тој игра во Гостивар моментално, исто така и он е еден од по страстните. Тие двајца се она баш, реално страствени кога гледаат  кога играм“.

Елиф долго време е надвор од Македонија. Реално му недостасуваат неговите роднини и најблиските.  Шар Планина и Јеловјане му се најомилените места.  Од Јеловјане потекнува и неговото семејство. Детството го поминува таму.

(Линк до целото интервју)