МААЕ информира за силни експлозии близу нуклеарната централа Запорожје


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) информира за силни експлозии во близина на Запорожје АЕЦ.

Оваа информација се совпаѓа со извештаите за напад со дрон врз тренинг центарот поврзан со украинската атомска централа, која е под контрола на Русија од март 2022 година – веднаш по почетокот на војната.

– Нема жртви ниту оштетувања на Запорожје АЕЦ, изјави генералниот директор на МААЕ, Рафаел Мариано Гроси. Тој прецизира дека тренинг центарот се наоѓа надвор од периметарот на најголемата атомска централа во Европа.

Во регионот на Запорожје АЕЦ често има гранатирања, за кои двете страни во конфликтот си ја префрлаат вината.