ЛВМХ: Награда „Карл Лагерфелд“ од 150 илјади евра


Франција- Во чест на големиот креатор Карл Лагерфелд, (почина во февруари) кој беше покрај „Шанел“ и уметнички директор на „Фенди“ од 1965 до смртта, луксузната компанија ЛВМХ востанува специјална награда со негово име, што ќе се доделува на млади дизајнери.

Победникот ќе добие парична награда од 150 илјади евра, а ќе одлучува жири во состав Марк Џејкобс, Џонатан Андерсон и Карин Арно.

Наградите на компанијата во изминативе шест години им беа доделувани на најдобри млади таленти во категориите на женска, машка и трансродова категорија.

Финалистите ќе бидат соопштени на 4 септември во Фондацијата „Луј Витон“.