Лувр со 72 отсто помалку посетители во 2020 година

Франција– Познатиот Музеј Лувр во Париз минатата година го посетиле 72 отсто помалку посетители отколку претходната година, поради кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.
Во соопштението на музејот се наведува дека вкупниот број на посетители во 2020 година изнесувал 2,7 милиони.
Музејот, во кој се наоѓа познатата слика Мона Лиза и други светски дела со огромни вредности, поголем дел од минатата година беше затворен поради рестриктивни мерки, воведени поради спречување на ширењето на коронавирусот.