Лопез во раскошна венчаница: Не се мажам, снимам филм


САД- Поп-ѕвездата и актерка Џенифер Лопез (50)  го привлече вниманието на минувачите во Њујорк кога се појави во раскошна венчаница. Имено, нејзиниот свршник не бил во близина, а не било познато ниту дека ја одредиле датата за венчавка.

Сепак, станува збор за мала измама, бидејќи дивата сеуште не се мажи (но веројатно не за долго). Лопез снима нова романтична комедија „Ожени се со мене“.

Во филмот кој се снима според мотивите на романот на Боби Крозби, таа глуми поп ѕвезда која непосредно пред венчавката со својот дечко (го глуми колумбискиот пејач Малум) открива дека тој ја измамил со нејзината асистентка. Случајно од публиката избира маж (Овен Вилсон) и од инает ќе се мажи со него…