Локализирани два пожари во атарот на каменичките села Саса и Цера


Во период од три дена, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Македонска Каменица интервенираше на два пријавени пожари. Како што информираа од противпожарната единица, денеска е интервенирано на пожар во село Саса маала Среден рид, а претходно и на пожар во село Цера.

-При гаснењето на пожарот кај Саса на лице место беше затекнато лицето кое го предизвикало пожарот, за што беше известено и МВР, информираа од ТППЕ Македонска Каменица.

 Опожарена е површина од три декари сува трева и мал дел букова шума.

-Благодарение на брзата реакција пожарите беа навремено изгаснати. Апелираме  да не се пали на отворен простор за да не се предизвикуваат уште поголеми штети, додадоа од ТППЕ Македонска Каменица.

Секој забележан пожар апелираа навремено да биде пријавен на телефоните 112, 192 или 193.