Лоба во модни води- како бренд амбасадор и креативен дизајнер (фото)


Mакедонскиот бренд Her Line заедно со поп-пејачката со ангелска убавина Викторија Лоба како бренд амбасадор и сега за прв пат во улога на креативен дизајнер ја претставуваат новата модна колекција за сезоната пролет/лето ’23 “Blooming Monochrome” лајфстајл линија за жени и девојки.

Лоба ја гледаме на сцена или на писта, ни се смее од билборди или градски автобуси, на козметички и модни каталози. Како дама, невеста, модна икона. Споделува фотографии на социјалните мрежи, има многу следбеници на Инстаграм. Сите сакаат да дознаат за нејзините дружби и патувања. Нејзиниот приватен живот интригира и сега, како мажена жена. Ете, зошто е привлечна за брендовите- од накит и парфеми до модни додатоци. 

Спортскиот шик и минимализмот се главниот печат на линијата “Blooming Monochrome” и секако дека во неа се вметнати и најновите трендови како карго џебови и миди здолништа, што ја прави совршена за модерните жени кои сакаат да изгледаат добро и да се чувствуваат удобно.
– Во моето секојдневие навистина ми беше потребна облека која ќе биде удобна, квалитетна и која одлично ќе се прилагоди на фигурата и воедно ќе изгледа стилски со што би можела да ја носам во повеќе прилики. Сакам сите девојки кои ја носат оваа облека да се чувствуваат удобно и со стил во исто време, за тоа навистина се погриживме да одбереме високо квалитетни материјали и го усовршивме кројот. Затоа ве поканувам во нашата онлајн продавница да си разгледате и да си шопингувате:
 https://herline.mk/c/83/herline-x-victoria-loba  вели Лоба.

„Blooming Monochrome“ е lifestyle облека која комбинира стил на минимализам и лежерен спортски шик кој можете да го носите секојдневно, како на прошетка со пријателките така и на кафе, ручек, патувања, секојдневни дружења. 

Her line е македонски бренд кој постои веќе 3 години и кој продолжува да внесува свежина на македонскиот пазар. Карактеристични за овој бренд се костимите за капење како и athleisure парчињата облека што е воедно и светски тренд – хибриден спој на спортска и секојдневна формална облека соодветна за сите пригоди.