Љубов во секое парче, во секој детал, во секој цвет – Антонија Ристовска со нова колекција на венчаници (фото) 


На прагот на Новата сезона на венчавки Ателје Антонија Ристовска ја претставува најновата Колекција на венчаници 2024 “Рапсодија на љубовта”. Креирана е со големо внимание, посветеност и има вткаена љубов во секое парче, во секој детал, во секој цвет.

Инспирација е Таа –  единствена и волшебна, силна и непоколеблива. Секогаш посебна и на пиедестал. Таа, со  срце полно љубов и топлина, убава и разнолика како цвеќето во природата. Цвеќето ја разубавува природата, таа го разубавува своето опкружување и го прави светот поубав.

Моделите во колекцијата изобилуваат со раскошни везови со кристали и бисери и внимателно рачно изработени 3Д цветови. Кроевите го обвиткуваат телото и ја следат женската силуета, создавајќи гламурозен изглед со скулптурална убавина.

Во колекцијата ќе се пронајдат девојки кои ја негуваат својата индивидуаност и автентичност, кои сакаат да бидата запаметени по својата посебност.

Колекцијата е достапна за продажба во Ателје Антонија Ристовска во Скопје.