Линиите на метрото во Ријад предизвикаа вистински бум во транспортот
Главниот град на Саудиска Арабија го отвори својот прв метро систем овој месец и се чини, судејќи според првата недела, дека овие линии ќе забележат исклучително добри резултати.
Имено, според официјалните податоци, во првата недела од пуштањето во употреба, метрото имало 1,9 милиони патници кои ја користеле оваа транспортна врска.
Метрото започна со работа на 1 декември, а проектот е вреден неколку милијарди долари. Содржи шест линии кои се протегаат на 176 километри и има 85 станици.
Метрото е дизајнирано да превезува 1,2 милиони патници дневно, со планови да се зголеми на 3,6 милиони, што ќе помогне да се олесни сообраќајниот метеж и да се намали зависноста од автомобилите.
Транспортната мрежа на метро во Ријад има за цел да држи чекор со растот на населението во градот, кој се очекува да достигне од 15 до 20 милиони до 2030 година. Транспортната врска е огромен столб на „Саудиска Арабија визија 2030“, која има за цел да ја диверзифицира економијата и да го подобри квалитетот на животот на жителите.
Метрото во Ријад ќе биде отворено во три фази. Меѓу првите делумно лансирани се Сината линија, која се протега на 38 километри, заедно со Жолтата и Виолетовата линија, кои се движат од север кон југ низ центарот на Ријад.
Се очекува црвената и зелената линија да профункционираат до 15 декември, а портокаловата до 5 јануари.