Лим од градилиште падна врз велосипедист во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Полицијата со детали за инцидентот кој се случи утрово на пешачка патека во Скопје.

– На 15.07.2025 околу 7.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачката патека на ул. “Даме Груев” во Скопје, додека С.П. (64) се движел со велосипед, врз него паднал лим од заштитна ограда со која е оградено градилиште. С.П. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош, потврдија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според сведочења на граѓани, лимената конструкција се одвоила поради силниот ветер.