Лили Гледстоун испиша историја на „Златните глобуси“, еве зошто


Лос Анџелес- Актерката Лили Гледстоун влезе во историјата со победата на Златните глобуси.

Гледстоун ја однесе наградата за најдобра женска улога во драма, синоќа, на гала церемонијата во Беверли Хилтон за улогата во филмот за Мартин Скорсезе „Убијци на цветната месечина“, со што стана првиот автохтонен актер кој освоил каква било награда во 81 година од почетокот на доделувањето на Златните глобуси.

Гледстоун, која порасна во резерватот на Blackfeet Nation, беше емотивна кога го започна својот говор со неколку зборови на јазикот Blackfeet.

Лили, во тоалета на Валентино, со Ди Каприо

„Само што зборував малку на јазикот на Blackfeet, убава нација во заедницата која ме воспита, која ме охрабри да продолжам, да продолжам да го правам ова“, продолжи таа.

Гледстоун додаде дека победата била „историска, и не само за мене. Ја држам со сите мои убави сестри во филмот и мајка ми [во филмот], Танту кардинал“.

Таа, исто така, им се заблагодари на режисерот Мартин Скорсезе и нејзиниот колега Леонардо ди Каприо и рече: „Сите вие ги менувате работите. Ви благодариме што сте такви сојузници“.

Филмот, иако имаше пет номинации, ја освои наградата само за главна женска улога. 

Базиран на бестселерот Killers of the Flower Moon: The Osage Murders and the Birth of the FBI на Дејвид Гран, Killers of the Flower Moon е филм чие дејство е сместено во Оклахома во 20-тите години на 20 век и го опфаќа сериското убивање на припадници на домородниот народ Osage Nation, низа брутални убиства што останаа познати како Reign of Terror.