Ликот и гласот на Игор Џамбазов злоупотребен во реклама за слабеење


Еден од најпознатите македонски шоумени и актер, Игор Џамбазов во објава на Фејсбук реагираше откако неговиот лик бил злоупотребен во лажни реклами за слабеење што кружат на социјалните мрежи.

Во објавата, Џамбазов јасно демантира дека има било каква врска со производи за слабеење или наводни „чудотворни“ третмани.

„Не, не сум ослабен 20 килограми. Не, немам од тие таблети, чаеви или масти. И не познавам никаква докторка Елизабета, напиша тој.

Џамбазов појасни дека станува збор за лажни видеа кои веќе десетина дена се појавуваат и повторно се враќаат на социјалните мрежи, и покрај тоа што се пријавуваат.

Актерот и шоумен предупредува дека ова е класичен случај на интернет криминал, при што се злоупотребува неговиот лик и име за комерцијални цели.

„Адвокатите веќе работат на случајот и наскоро ќе се откријат лицата кои стојат зад ова“, посочи тој.

Во својата реакција, Џамбазов испрати и јасна порака до сторителите, нагласувајќи дека ќе се соочат со последици за ваквата злоупотреба.

„Ви доаѓа крајот, да знаете…И скапо ќе го платите ова, порача тој.