Лидерот на британската опозиција, Кир Стармер, е позитивен на ковид

Лидерот на британската опозиција, лабуристот Кир Стармер, е позитивен на тестот за корона вирус и ќе ја пропушти можноста да одговори на буџетот на владата за време на премиерските прашања во парламентот денеска, потврди Лабуристичката партија.
Поранешниот лидер на лабуристите Ед Милибанд ќе застане на негово место за време на премиерските прашања.
Стармер е целосно вакциниран, откако ги прими двете дози на „АстраЗенека“ порано оваа година.