Летото до 2100 година може да трае по шест месеци


 

Научниците сметаат дека летото кое би траело шест месеци на северната хемисфера може да стане вообичаена појава до 2100 година.

Тоа е последица на големото влијание на климатските промени, а летото веќе сега трае 17 дена повеќе во однос на 1952 година, додека зимата е покуса за три дена.

Ако продолжи глобалното загревање со овој интензитет, тогаш многу е изгледно дека зимата ќе трае само два месеца.

Тоа ќе има големи последици за целата планета Земја, Ќе биде загорзено земјоделството, а ќе се промени и однесувањето на животните.

Веќе сведочиме на топлотни бранови, големи пожари и бури.

На северната хемисфера може да се појават и комарци кои со себе може да донесат тропски зарази.

Но, сето ова може да се спречи ако се намали емисијата на штетни гасови. Потребно е до 2030 година за 45 отсто да се намали емисијата на јаглерод диоксид кој го произведува човекот. До 2050 година треба во потполност да се укине емисијата јаглерод диоксид што го произведува човекот.

На таа цел се обврзаа 120 држави и повеќе од илјада компании меѓу кои и ИКЕА, Епл и Нестле, објави Светскиот економски форум.