Лепа Брена го шармираше Скопје: Јас сум реклама на моите производи (фото)
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/11/lepa-brena5.jpg)
Отмена, природна во однесување, професионална, љубезна за фотографирање, ама отсечна за бакнување – Лепа Брена дојде во Скопје да ги рекламира своите хулахопки „Лејди Б“ во парфимеријата “Cosmos“ во ТЦ „Зебра“ и направи хаос како регионална фолк ѕвезда и луцидна бизнисменка. Затоа што и на 63 години, што и да направи, претвара во злато- од музика, песни, мода, а сега како дама за дамите со новите производи за подобар изглед со кои ќе го освојува Балканот. По Белград, денес Скопје, па во Софија и до крајот на годината во Загреб.
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/11/lepa-brena4.jpg)
„Лејди Б“ хулахопките од 20, 40 и 70 ден, се технолошки најнапредниот производ на регионалниот пазар, кој содржи хијалуронска киселина и златни наночестички во ткаенината.
„Она што јас го носам на настапи, гала настани и на патувања, им го препорачувам за сите жени. Моите хулахопки се нежни и силни како жените“, порача денес Лепа Брена пред новинарите во Скопје.
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/11/lepa-brena7.jpg)
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/11/lepa-brena-11.jpg)
Компанијата постои веќе една година. Во Скопје засега е достапна колекцијата „Селебрити“, а во наредниот период ќе пристигне и новата линија „Лејди Б иновејшн“ која се состои од три колекции „Фир“, „Меџик“ и „Флај“.
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/11/lepa-brena2.jpg)
Колекцијата „Елеганс“ е наменета за дамите со изразени облини. За претстојните зимски денови, се препорачуваат Термал хулахопките. (Л.С.)