Лажни дојави за поставени бомби на аеродромот во Атина и во неколку атински болници
Лажни биле дојавите за поставени бомби на атинскиот аеродром и во шест болници во Атина, објави грчката новинска агениција АНА-МПА.
Рано утрово биле испратени мејловите до аеродромот и шесте болници, пишувало дека се поставени бомби, по што полицијата веднаш извршила проверка, но не било пронајдено ништо сомнително.