Латас ослободен од обвинение


Кривичното дело кое му се става на товар на новинарот Драган Павловиќ Латас не е кривично дело според Законот.

 

удијката Марија Клетнички ја образложува одлуката на Судечкиот совет.

Таа вели дела од суштествено значење е што никоја од институциите не реагирале, односно не утврдиле дека се градат дивоградби. Потоа објектите биле впишани, а никој не го оспорил нивното впишување во Катастарот.

-За овие објекти постои одобрение за градба од 24 јануари 2013 година, и никој не ги оспорил, рече судијката Клетничка.

– Имајќи ги предвид сите изведени докази советот донесе одлука дека се ослободуваат од обвинение. Делото за кое се обвинуваат не е кривично дело. Трошоците паѓаат на товар на државата, изјави судијката Клетничка.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше објавена пресудата за случајот „Тревник“ на Специјалното јавно обвинителство, каде обвинети се Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд куќи во Зелениково.
Од СЈО бараа судот да ги осуди браќата Павловиќ за бесправно градење и да им ги одземе викендичките.
Според СЈО, обвинетите делото го сториле со умисла, бидејќи иако, знаеле дека немаат право на градба, сепак почнале да градат и  спротивно на законот изградиле три викенд куќи во Општина Зелениково.
Одбраната, пак ги оспорува доказите на СЈО и посочува дека не успеале да го докажат делото за кое ги товарат.
Во судница пресудата ја слушнаа само Драган Павловиќ Латас и Срѓан Павловиќ, додека обвинетиот Звездан Павловиќ не присуствуваше.