Курц: Австрија до март очекува 900.000 вакцини против Ковид-19
Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави денеска дека очекува 900.000 дози на вакцина против коронавирусот до март следната година.
По разговорот со претставници од компанијата „Фајзер“, Курц истакна дека следниот месец ќе бидат испорачани 240.825 вакцини, во февруари 331.500 и во март 375.375 вакцини.
– Подготовките за вакцинација во Австрија се во тек, нагласи австрискиот канцелар.
Тој додаде дека „по разговорот со „Фајзер“ е пооптимистичен дека уште оваа година, веднаш по одобрувањето, ќе може да се почне со вакцинација во Австрија“.