Кумановец со автомобил удрил во двајца олимпијци од Исланд – учесници на ЕМОФ


Илустрација

Несреќа за време на младинските европски олимписки игри. Двајца малолетни велосипедисти од Исланд биле повредени вчера откако во нив удрило возило на патот Куманово – Свети Николе.

– На 23.07.2025 во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни  велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри кои се одржуваат во нашата земја и кое се подготвувале за денешната велосипедска трка, информираат од полицијата. 

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово.