Кучиња за вдомување од „Лајка“ ќе дефилираат пред фудбалскиот натпревар Вардар – МЃП

ЈП „Лајка“ ве поканува на фудбалскиот натпревар ФК Вардар – ФК Македонија Ѓорче Петров, в сабота 02.09.2023 во 16 ч., каде сите оние кои сакаат да вдомат куче, ќе имаат можност да ги видат овие куќни миленици.
Пред почетокот на фудбалскиот натпревар фудбалерите на ФК Вардар ќе продефилираат со кучињата од Јавното претпријатие „Лајка“, кои бараат дом.
– Нависитина би ни значела вашата поддршка и присуство на овој натпревар, на кој фудбалерите ќе промовираат вдомување на кучиња – додаваат од „Лајка“.