Куче влезе во училиште и искаса четири деца во Косово (видео)
Четири деца се повредени во напад на куче што се случил во училиште во Косово. Кучето каснало ученици од прво, второ, петто и шесто одделение, а најмалку едно дете се здобило со сериозни повреди. Медиумите објавија снимки од надзорните камери на кои се гледа куче во училишниот ходник.
Кучето нападнало и полицаец кој потоа го убил со службеното оружје. Нападот се случил околу 9.40 часот. Едно од хоспитализираните деца е пуштено од болница, другото е на инфективното одделение. Постои сомнеж дека кучето имало беснило.
Кучето каснало ученици од прво, второ, петто и шесто одделение, а најмалку едно дете се здобило со сериозни повреди. На снимката од надзорните камери објавени во медиумите се гледа како кучето влегува во главната капија на училиштето и се упатува кон учениците.
Сопственикот на кучето бил уапсен веднаш по нападот и обвинет за предизвикување јавна опасност.