Крит ќе им објави „војна“ на отровните риби – канибали
Критските власти предупредуваат на зголеменото присуство на отровната сребрена риба „пафер“ која може да предизвика дури и ампутации на делови од човечкото тело. Голема загриженост изразуваат и рибарите во водите на Додеканез и Крит и велат дека риболовот и
туризмот се загрозени.
Оваа риба, која првпат беше забележана пред 20 години, се заканува да го направи риболовот
сосема невозможен. Рибарите ја повикуваат државата и регионот на Крит да ги информираат
туристите да бидат внимателни и во исто време да ја финансираат „борбата против рибите“,
бидејќи штетата на морската средина е веќе огромна.
Јанис Андролакис, претседател на префектурата Ираклион, вели дека се регистрирани
инциденти предизвикани од сребрената риба, која потекнува од Индискиот Океан.
„Веќе им кажавме на властите во областа на Крит да ги информираат туристите за рибите бидејќи се агресивни. Тие можат да се појават на 20 места околу Крит и да стигнат до глуждовите на пливачите. Се сеќавате ли на случајот со искасаното дете пред година и пол? Детето мораше да се оперира. Имавме уште еден случај на Калимнос. Досега се осум
инцидентот. Ова се само познатите случаи, верувајте ги има уште многу, но ги кријат, за
да нема штета на туризмот“, тврди Андракулис.
Директорот за истражување во националната лабораторија, Горгос Серпес, исто така
потврдува дека имало напади од оваа риба врз капачите.
„Некои напади резултираа со ампутација. На пример, сребрена пуфер риба откина
прст на пливач додека пливал. Сме имале такви ситуации. Може да се види како
нешто што свети и се движи. Затоа е добро да се биде внимателен додека пливате“, вели
Серпес, според кој рибата дошла преку Суецкиот канал.
Ова е исклучително отровен и смртоносен вид риба која во мускулите, жлездите, црниот дроб и
кожата содржи силен термостабилен отров тетродотоксин. Потрошувачката на оваа риба е
забранета во земјите на ЕУ, но во Јапонија е гастрономски деликатес познат како
„фугу“, кој се подготвува по посебни процедури поради неговиот смртоносен отров. Се верува дека овој отров кој е стабилен на топлина и е неколку стотици пати посилен од цијанидот.
Таа е вообичаена e во тропските води на Индискиот и Тихиот океан. Преку Суецкиот канал се префрлила во медитеранот и се шири кон бреговите на Израел, јужниот дел на Турција, на Кипар, јужните брегови на континентална Грција, Крит и Родос. Беше забележана и во водите во близина на градот Бечиќи, Црна Гора, на југоисточното Јадранско Море.