Крис Џенер во 23 години стара винтиџ тоалета од Меквин го прослави 70.роденден
Кој се не дојде на славната роденденска забава на тема Џејмс Бонд на менаџерката и преприемачка Крис Џенер во домот на милијардерот Џеф Безос на Беверли Хилс, па дури и соседите викнаа полиција!
Вечерта на која го славеше 70. роденден, подмладена со естетска операција, Џенер ја опиша како „магична“, а меѓу мноштвото дами со стил, таа се истакна во црвен фустан без прерамки со набори по градите и здолниште со повеќеслојни набори. Винтиџ фустанот беше од колекцијата есен/зима 2002 на Givenchy Haute Couture by Alexander McQueen, која ја купи од трговецот на мало со винтиџ производи LILY et Cie, обожавана од славните.
Џенер го надополни изгледот со црни оперски ракавици, винтиџ нараквица Bvlgari и винтиџ обетки Van Cleef & Arpels. За да го заврши елегантниот изглед, Крис имаше гламурозна фризура од фризерот на познати личности Крис Аплтон.
Меѓу славните личности во вилата на Џеф Безос и Лорен Санчез на Беверли Хилс, беа присутни и Опра Винфри, Мараја Кери, Тајлер Пери, Вин Дизел и Марк Закерберг, а беше и вечер за состанок за некои парови, вклучувајќи ги принцот Хари и Меган Маркл и Адел и Рич Пол.
