Кремљ: Ракетниот систем Ѕ-400 ќе и се испорача на Турција според планот


Советникот на рускиот претседател, Јури Ужаков изјави дека Кремљ очекува ракетниот систем „земја-воздух“ Ѕ-400 да и биде испорачен на Турција следниот месец, како што е планирано.

– Да, постигната е согласност и договорите меѓу Русија и Турција во тој контекст се применуваат според планот. Нема проблеми во билатерален контекст, истакна советникот на Кремљ. додавајќи дека испораката ќе биде извршена во јули, како што е планирано.

Договорот на Турција, која е членка на НАТО, со Москва за набавка на Ѕ-400 ги разлути САД, со што се отвори прашањето за отстранување на Анкара од американската програма за борбени авиони Ф-35, доколку Турција не го повлече договорот со Русија.