Кралицата Елизабета му се врати на омиленото хоби: По карантин, јавање на пони
Англија- Кралицата Елизабета Втора е фотографирана како јава на пони на своето прво јавно појавување по карантинот.
За време на викендот, таа посака да го јава Балморал Ферн, 14-годишно пони, во домашниот парк на замокот Виндзор.
Нејзиното височество носеше шамија на која се прикажани свилени џокеи.
Коњските трки чии обожавател е кралицата, започнуваат повторно денес, откако беа запрени во екот на пандемијата на коронавирусот.
Таа беше во карантин со војводата од Единбург во замокот Виндзор, каде го помина својот 94-ти роденден на 21 април и ги продолжи службените должности.
Кралицата во април имаше обраќање до нацијата за коронавирусот. Тоа беше четврти пат кога кралицата даде специјално емитувано обраќање во време на криза или тага, по војната во Заливот во 1991 година и смртта на нејзината мајка, кралицата Елизабета и Дајана, принцезата од Велс.
Војводата од Кембриџ и неговото семејство престојувале во Анмер Хол во Норфолк за време на карантинот, додека неговиот татко, принцот Чарлс, е во Бирхал во Абердиншир.
Принцот Чарлс беше позитивенн на коронавирусот во март и се изолираше од војвотката од Корнвол, која беше негативна. Откако се излечи, двојката е повторно заедно.