Кралицата ѝ го честита 39. роденден на Кејт Мидлтон
Англија – Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон го прослави 39. роденден и, по тој повод, кралицата Елизабета Втора и принцот Филип објавија фотографии од принцезата на Инстаграм.
„На војвотката од Кембриџ ѝ посакуваме среќен роденден“, се вели во објавата на кралицата.
Официјалниот инстаграм-профил на палатата Кенсингтон, која ги претставува војвотката Кејт и нејзиниот сопруг – принцот Вилијам, исто така сподели фотографија.
„Ви благодариме за Вашите најљубезни желби за роденденот на војвотката. Родендените беа многу поинакви последниве месеци, а нашите мисли продолжуваат да бидат со сите оние кои се на првите борбени линии во ова значајно, предизвикувачко време“, се вели во нивната објава.