„Крафтверк“ по трет пат во Скопје на 25 јули
Легендарните Крафтверк, пионерите на електронската музика, визионерите кои ја поставија основата на техно, електро, синт-попот и хип-хопот, по третпат доаѓаат во Скопје – овојпат со голем open air концерт на стадионот на АРМ, во рамки на нивната актуелна „Multimedia 2026“ турнеја, соопшти организаторот „Авалон продукција“.
„Добитници на Grammy Lifetime Achievement Award и членови на Rock & Roll Hall of Fame, Kraftwerk одамна не се само бенд – тие се културен феномен. Група која уште во 70-тите години го постави прашањето за односот помеѓу човекот и машината, тема што денес, во ерата на вештачката интелигенција, е поактуелна од кога било.