Крадци со кран се обиделе да ја украдат статуата на Рамзес II, не успеале оти била претешка
Египетските власти објавија дека уапсиле три лица кои се обиделе кај Асуана, со помош на дигалка, да ја украдат илјадници години старата статуа на Рамзес II тешка 10 тони, но во тоа не успеале оти била претешка.
Државното египетско обвинителство одреди четиридневен притвор за тројцата обвинети кои се обиделе да ја украдат статуата на фараонот во древниот јужен град Асуана, 675 км јужно од каиро на реката Нил.
Според изјаватам оилицијата објави дека уапсените поседувале орудие за рачно ископување, но и дигалка, која ја користеле за да го подигнат споменикот и да го ископаат. Властите на Асуана потврдија дека се работи за статуа на Рамзес II тешка 10 тони, се наведува во соопштението. Истрагат за овој случај е во тек.
Рамзес II, наречен и Рамзес велики, фараон од 19-тата династија, владеел 67 години. Еден е однјважните владетели во Египет и неговото долго владеење било врв на египетската моќ.
Во Египет подигнал низа монументални градби, меѓу кои и храмовите во Абу Симбел, Реба, Луксор и Мемфис.
Во последните десетина години Египет успеа да врати 29.000 антиквитети кои биле изнесени од земјата.