Ковид-19: Смртен случај на Нов Зеланд после три месеци
Нов Зеланд денеска регистрираше прв смртен случај од Ковид-19 во повеќе од три месеци, соопшти Министерството за здравство.
Според Министерството, починал маж на возраст од околу 50 години, кој се заразил во Окланд во август, објави Си Ен Ен.
Последната смрт од коронавирус на Нов Зеланд е регистрирана на 28 мај.
Вкупниот број на жртви од Ковид-19 сега изнесува 23.