Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува политиката на Груевски
ВМРО–ДПМНЕ не нуди никаков план за напредок во европските интеграции дури напротив, може да се слушнат нивни изјави дека и 100 години не треба да станеме, а можеби и никогаш, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интревју за утринската програма „Слободен печат“.
„Тоа од една страна покажува дека тие ја продолжуваат политиката на Никола Груевски, нивниот поранешен претседател, со оглед на тоа дека тоа беа истите ставови кои ги слушавме во тоа време. Ако го видите нивниот претседателски кандидат, тоа се повторно истите ставови и затоа велам дека со нив Северна Македонија повторно ќе се врати во некакви чекални, во некакво мрачно минато во некакви недемократски процеси и на назадување на економските процеси“, рече Ковачевски.
Ние нудиме јасна визија и надеж за македонските граѓани и затоа велам дека овие избори ќе бидат избор меѓу надежта со СДСМ и безнадежноста со ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Ковачевски.
„Ние нудиме надеж, европска интеграција, подобар животен стандард, повисоки плати, пензии, повисоки субвенции за земјоделците. А од друга страна имаме еден нејасен концепт, којшто кога ќе ги прашате ВМРО–ДПМНЕ дали имаат план, тие ви кажуваат – па ќе видиме после избори – и докажаа дека сѐ она што го ветуваа се лажни ветувања. Погледнете го само градот Скопје, се изнаслувашвме еден куп ветувања, но денес Скопје е град кој назадува, повалкан не бил никогаш од своето постоење. И граѓаните знаат да ценат кој е тој кој ги исполнува своите ветувања а кои се тие кои даваат единствено лажни ветувања“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.