Костовски: Обезбедени прочистувачи на воздух за сите клонови на детската градинка „11 Октомври”


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска сподели дека се обезбедуваат прочистувачи на воздух за сите градинки во оваа општина.

„За сите клонови на детската градинка “11 Октомври” обезбедени се прочистувачи на воздух. Во насока на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух, односно за намалување на последиците од аерозагадувањето, преку обезбедување на прочистувачи на воздух ќе допринесеме за намалување на загадувањето на нашите најмали деца од предучилишна вораст“, истакна Костовски, додавајќи дека чистиот воздух е заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас.

Ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница, вели тој.

Посочи дека оваа значајна донација на напредни прочистувачи од реномираниот германски производител Mann+Hummel ќе обезбеди воздух со највисоки медицински стандарди за најмладите жители – за дечињата во градинките.

„Оваа активност е дел од поширокиот план на Општина Бутел за создавање почиста и поздрава животна средина за сите“, нагласи градоначалникот.