Костими за капење за сите: Тоа најдобро го знаат сестрите Грем
САД– Ешли Грем и нејзината сестра Абигеил Грем ги рекламираат новите костими за капење наменети за жени од сите генерации, со облини- Swimsuits For All.
Раскошните манекенки позираат под сончевите зраци во новите модели на едноделни и дводелни костими за капење. Самата Ешли учествувала во дизајнот на неколку костими за капење, фокусирајќи се на тропските принтови и стилот со една раменица.
Американскиот модел Ешли (31) е најславна манекенка со облини во светот, која позирала за „Вог“, „Харперс базар, „Ел“, во кампањата за фармерки на „Левис“… од кои инкасирала 3 милиони долари.