( Видео) Костадиновска-Стојчевска ќе информира за заклучоците од 45.сесија на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО


Фото: Б. Грданоски

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на прес-конференција ќе информира за заклучоците од 45.сесија на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО што се одржа од 12 до 17 септември во Ријад, Саудиска Арабија, а кои се однесуваат на Охридскиот Регион.

На прес-конференцијата, како што е најавено, ќе стане збор и за актуелните теми и состојби поврзани со Националната филхармонија и со НУ Библиотека – Тетово.