Косовските партии можат да потрошат најмногу до два милиони евра на кампањата за идните избори


Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) одлучи дека секој политички субјект, кој ќе биде сертификуван за учество на парламентарните избори на 9 февруари 2025 година, за изборната кампања има право да потроши до два милиони евра.

Според одлуката на ЦИК, дозволената точна сума за максимални трошоци е два милиони 47 илјади 149 евра и таа е соодветна на бројот на гласачи запишани во прелиминарните избирачки списоци. Пресметката е направена врз основа на изборната регулатива за изборната кампања.

ЦИК донесе одлука и за формирање на комисија која ќе ги испитува жалбите на гласачите надвор од Косово.

Редовните парламентарни избори во Косово треба да се одржат на 9 февруари, а официјалната изборна кампања започнува на 11 јануари наредната година.