„Косоока“ или „Дупла вотка“: Дарио и „Миг 21“ со мега-концерт на 17 февруари во Филхармонија


Дарио и „Миг 21“ се враќаат на голема врата на македонската поп-сцена со концерт на 17 февруари во Македонската филхармонија, а по повод 40 години континуирана успешна кариера. Влезниците сè веќе во продажба по цена од 1.200 и 1.500 денари. Организатор е „Авалон-продукција“.

Последниот ваков мега-концерт Дарио го имаше во поранешната „Универзална сала“, кога навистина се бараше билет повеќе.

Публиката на 17 вефруари во Филхармонија ќе ги слушне безвременските хитови„Дупла вотка“, „Косоока“, „Викни ме на чај “„Старо купувам“, „Дај да заспијам“, „Зборови погрешни“, „Ладна како камен“, „Не ми е страв“, “Какви се ова времиња“….и  најновиот „Ракија“.