Корона избори во Србија: До 12 часот излезноста е 18,3 отсто, речиси иста како во 2016 година

Бирачите во Србија гласаат за нов парламент на изборите кои дел од опозицијата ги бојкотира.
До 12 часот на гласање излегле 18,3 отсто, покажуваат пдатоците на Центарот за истражување, транспарентност и одговорност, од каде оценија дека моменталната излезност е на ниво од парламентарните избори во 2016 година.
Забележани се одредени неправилности, меѓу кои и „бугарски воз“.
Во Србија денеска се одржуваат парламентарни, покраински и локални избори, први во Европа откако зветот го зафати пандемија од коорна вирсуот.
Во Крагуевац едно бирачко место се наоѓа во зграда каде има ковид амбуланта, но надлежните наведуваат дека има одвоен влез, пренесе Бета.
Бирачките места се отворени во седум наутро, а ќе се затворат во 20 часот.
Нешто повеќе од 6,5 милиони гласачи треба да изберат 250 пратеници во Народното собрание чиј мандат ќе трае четири години.
на гласачкото ливче има 21 партија и коалиции. Блокот опозициски партии предводени од Сојузот за Србија ги бојкотира изборите.
Во февруари 2020 година беше намален цензусот за влез во парламентот од пет на три отсто, освен за партиите на малцинствата.
Изборите ги следат повеќе набљудувачки мисии, но Европскиот парламент не испрати своја поради пандемијата од крона вирус.
Републичката изборна комисија е должна официјалните резултати да ги соопшти најдоцна до 25 јуни до 20 часот.