Конте доби мандат за формирање нова влада


Италијанскиот премиер во заминување Џузепе Конте доби мандат од претседателот Серџо Матарела за формирање нова влада.

Конте ќе се обиде да ја состави новата влада со членови од досегашното владејачко мнозинство, Движењето пет ѕвезди и опозициската Демократска партија.

Демократската партија соопшти дека е подготвена да формира коализица со Движењето пет ѕвезди, со што на страна се ставени годините на меѓусебно непријателство за да се избегнат предвремени избори и да се ублажи економската неизвесност.

По повеќедневни тешки преговори, лидерот на Демократската партија Никола Зингарети го информираше претседателот Матарела дека неговата партија ќе го прифати кандидатот за премиер на Движењето пет ѕвезди, досегашниот претседател на Владата, Конте.

– Ние ја сакаме Италија и сметаме дека е вредно да го пробаме ова ново искуство, рече Зингарети.