Концертот на „Дип парпл“ од стадион се сели во „Борис Трајковски“
Поради најавеното дождливо време на 27-ми и 28-ми мај, а во консултација со менаџментот на DEEP PURPLE, се одлучивме за сигурна варијанта- префрлување на концертот во арена “Борис Трајковски”, истиот ден, во сабота на 28 мај, соопшти организаторот, Авалон продукција.
„Тоа е впрочем и одлична вест, затоа што сите со купени влезници досега, како и сите оние кои ќе купат отсега, ќе може да бираат дали сакаат да го следат концертот од седење или од стоење, и тоа по овој распоред:
ФАН ПИТ:
Сите што имаат купено фан пит влезници може да стојат во својата омилена зона- пред бината или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор.
ПАРТЕР:
Сите оние што имаат купено партер влезници може да стојат во партер зоната или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор.
ВИП:
Сите оние што имаат купено Вип влезници ќе може да седат во ВИП трибината (блок 13)
Имено, во продажба според капацитетот на арената “Борис Трајковски” има уште 1.500 влезници кои ќе се продаваат до концертот по истиот принцип (партер и фан пит), но и со тие влезници ќе може да се седи, секако по желба на купувачот.
Истите се достапни за купување на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија, плоштад „Македонија“ и онлајн на avalon.mk“, се вели понатаму во соопштението.
Авалон Продукција