Концерт на триото „Portron Portron Lopez“ во МКЦ

онцерт на триото „Portron Portron Lopez“ ќе се одржи вечер во просториите на МКЦ, во организација на Стотројка, а со локална поддршка Јоана Ристеска и Тодор Караколев кои ќе имаат заеднички настап.
„Portron Portron Lopez“ се трио од Франција. Нивната музика е жива материја, адреналински фикс од психоделичен рокенрол, афро карипска ритмика, ориентална трансичност и заразна енергија. Имаат заразна енергија, на секој концерт му влегуваат до даска, како да нема утре.
„Ice Scream Soufi” е насловот на нивниот четврти албум, кој излегува во мај и ќе биде достапен на винил и цеде. Концерт во вистинско време: слободен, вртоглав, наелектризиран, радосен. Го нарекуваат рокенрол за трамполина. Измислен за скокање.
Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk.
Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk.